За викендот дожд – до 50 литри на метар вадратен


Повремени локални врнежи од дожд и слаб ветер од променлив правец ќе преовладува во Македонија. Ваквото време ќе се задржи и за продолжениот викенд кога наместа врнежите ќе бидат пообилни.dozd cador

Температурата ќе се движи од 16 до 21 степен, а во Скопје утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната до 19 степени.

Под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот, во сабота и недела локално се очекува да наврнат околу 50 литри на метар квадратен воден талог, особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен, а во недела повремено засилен југоисточен ветер.

Во понеделник врнежите ќе бидат локализирани и со послаб интензитет, особено претпладне.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1