Како што пренесе руска Известија, на 14 март, на височината од неколку илјади метри, „ербас“ А319 на компанијата Ер Франс, кој сообраќал на линијата Москва – Парис, поминал на само 100 метри од бомбардер „тупољев“ ТУ-95.
Според руските агенции за авијација, оддалеченоста помеѓу двете летала била толку мала што во патничкиот авион можела да се слушне бучава од рускиот бомбардер дизајниран во времето на СССР.
Пилот на патничкиот авион, преку француското министерство за надворешни работи, го пријавил случајот во руската воздухопловна агенција.
Иако минималната безбедна оддалеченост помеѓу два авиони во воздух е 305 метри, во Москва соопштиле дека овој случај не претставувал опасност.