Бизарен свет: Силувани 3600 лица меѓу кои и бебиња


Статистиката од Демократската Република Конго е алармантна. Во текот на четири години се забележани повеќе од 3.600 силувања, од кои повеќето жртви биле жени, 1.000 биле деца, а 81 маж.

siluvanoКомесарката на ОН за човекови права, Нави Пилај, вели дека жртвите на силување во Конго во периодот од 2010 до 2014 година се на возраст од две до 80 години, јавува Гласот на Америка.
Врз основа на прибраните податоци, за половина од случаите на сексуално насилство виновни се вооружените групации и државните службеници”, вели Пилај.

Извештајот открива дека силувањата биле сторени за време на вооружени напади кои имале за цел преземање контрола врз територии богати со ресурси. Примарна цел биле селата, а жртвите биле силувани во своите домови, на полињата каде што работеле, на пат кон пазарите или додека оделе по вода. На истокот од земјата масовните силувања биле користени како воено средство за да се казнат цивилите за нивната наводна соработка со противничката страна во конфликтот.

Извештајот открива дека жртвите на силување наидувале на пречки кога ќе се обрателе до правните институции. Националниот судски систем нема средства за да спроведува истрага, да разговара или да ги заштити жртвите или сведоците, а ниска е и стапката на апсење на виновниците, па оттука и осудителните пресуди за силување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1