Прекрасна идеја – вклучете се СПОДЕЛИ ХРАНА


Се надеваме ќе ја шерувате оваа информација за да се прошири што побрзо и за да оваа иницијатива биде поуспешна:

spodeli-hrana-85907Сподели храна е мала иницијатива која се надеваме дека за некои луѓе ќе има големо значење.

Сподели храна претставува сега за сега два пункта- кутии поставени низ центарот на градот каде гладните наместо да буричкаат по кантите за отпадоци (а за жал тоа е честа слика), ќе може да се послужат со храната оставена во кутиите.

Граѓаните кои пак сакаат да го споделат својот оброк или да подарат дел од својата ужина да имаат каде да ја остават.

Една кутија е поставена пред Хотел Бристол:

spodeli-hrana-85906а другата во Жена Парк, спроти Чичко Стоилко:

Идејата е овие кутии кои се поставени на места каде често има бездомници а истовремено и голема фреквенција на луѓе, да се користат постојано-едни луѓе ќе остават нешто за јадење, други ќе се послужат.

И така во круг.

Оваа иницијатива се заснова врз идејата за споделување и вербата во човекот и неговата свесност за другите.

Однапред Благодариме.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1