Не купувајте од секаде – Внимавајте има опасни бои за јајца


Не купувајте рефус боја за вапсување велигденски јајца оти е небезбедна. бои за вапсување ве­лиг­ден­ски јајца кои се продаваат рефус, односно се мерат на лажиче се набавуваат од земјите во соседството, најчесто од Србија и од Бу­га­ри­ја, а се претпоставува дека тие не се бои за храна туку се текстилни бои. Па­зар­џи­и­те и дивите продавачи им ги нудат на граѓаните како квалитетни бои, со кои ве­лиг­ден­ски­те јајцата за само неколку минути ја добиваат саканата нијанса.

boi za jajcaОпасноста демне оттаму што во боите на лажичка наместо прехранбени бои за јајца, може да се најдат соединенија за бојадисување кожа или облека. Ваквите трик-трговски миксови што се прават за да фати бојата повеќе, одат дотаму што во некои црвени бои се ронат ќерамиди за да се засили дејството на бојата.

Ед­но лажиче боја се продава од 5 до 10 денари. Нивниот квалитет е неиспитан, не­си­гу­рен и, бидејќи не се заштитени со соодветна амбалажа, лесно можат да ста­нат штетни за употреба. Овие бои можат да бидат опасни за здравјето, предупредуваат докторите, доколу се стават на веќе оштетени лушпи од јајцето. Тогаш ток­сич­ни­те метали кои ги има во боите, можат да навлезат дури и во жолчката на јај­це­то.
Од Дирекцијата за храна апелираат до граѓаните да не купуваат рефус бои за јајца ту­ку да ги користат оние кои имаат амбалажа и на кои стои упатство за ко­рис­те­ње.

Од боите во кесички, пак, на прсти може да се избројат фирмите што ја почитуваат законската регулатива, во маркетите може да се најдат и бои со странско потекло – грчки и бугарски, за кои не се знае колку се проверени.

Токсиколозите, велат

Особено се опасни арсеновите соли, и тоа арсен триоксид. Тој може да предизвика трајни оштетувања, па дури и смрт. Првичните симптоми се гадење и повраќање, а како што се ресорбира така се јавува задушување, срцебиење, зашто ги напаѓа мозокот и другите центрите

Слични проблеми може да направи и бакарната сол, која ја има и во варта, но за разлика од арсенот, кој не се чувствува, бакарот има метален вкус.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1