Авион излета од писта, за малку избегната нова трагедија.
Авионот на Ер Канада имал проблематично слетување, при што излетал од пистата од Халифакс. 25 луѓе се повредени, и е вистинска среќа што нема жртви. Во Ербасот „а320„ имало 137 патници и членови на посадата.
Авиокомпанијата AirCanada потврди по социјалните мрежи за инцидентот со својот авион. Лет АС624 по маршрутата Торонто-Халифакс извршил принудно слетување во Халифакс, при што излегол од пистата и закачил електрични столб.
Се претпоставува дека авионот закачил во некој далновод околу пистата.