Тројца охриѓани за малку ќе ги загубеле живототите, чистејќи резервоар за гориво на бензинската пумпа „Таци“ во Охрид.
Инцидентот се случил утрово околу 8:30 часот, на бензинската пумпа „Таци“ во близина на охридскиот аеродром.
64 годишниот Т.Т., 46 годишниот Ж.И. и 55 годишниот Ј.С. го чистеле 12 метри долгиот резервоар за гориво, тие во состојба на бесознание биле извлечени од резервоарот од страна на пожарникарите, по што со возила на брза помош биле итно пренесени во болниците во Охрид и Струга и се надвор од животна опасност.