Забрана за движење на камиони на Плетвар


На патниот правец Кавадарци – Прилеп преку планинскиот превој Плетвар од 18:30 часот е воведена забрана за движење за тешки товарни возила, соопшти јавното претпријатие „Македонија пат“.sneg-koli-pat-zaveano

На останатите патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, а остатоци од кашест снег има на коловозите.

Врнежи од слаб снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Ресен, Македонски Брод, Ѓавато, Плетвар, Штип, Павлешенци, Неготино, Демир Капија, Удово и Кула, а слаб дожд врне во Сарамзалино, Кочани, Велес и Гевгелија.

Од ЈП „Македонија пат“ истакнуваат дека нивни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Апелираат возачите внимателно да возат и да ја прилагодат брзината кон условите на патот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1