По почетокот на учебната година во францускиот парламент е претставен предлог-закон за уште по драстично ограничување на пушењето. Тој предвидува казни за луѓе кои пушат на игралишта или во автомобили, во кои се возат деца. Ако проектот биде усвоен, полицајците ќе имаат право да запираат и да казнуваат возрасни, кои патуваат со цигара во рака.
Веднаш по објавувањето на францускиот закон и во Германија започна иницијатива за забрана за пушењето во приватни автомобили со деца во нив. Организацијата за борба против ракот Deutsche Krebshilfe повика да биде усвоен сличен закон, бидејќи во земјата 3300 лица годишно добиваат онколошки заболувања како “пасивни пушачи “.
Во Грција веќе е воведена таква забрана, кога во автомобилот патуваат лица под 12 години. Во овие случаи не е дозволено да држат запалена цигара и таксистите и возачите во градскиот транспорт. Казната е 1200 евра.
Во Норвешка е забрането воопшто пушењето во автомобил во населени места.