Kанадските власти ~ ја спуштиле рампата од државната граница и не ~ одобриле виза на македонската државјанка Жанета Николовска поради што жената не можела да присуствува на погребот на својот сопруг, кој загинал во трагична несреќа минатата недела, во Kанада, пишуваат локалните медиуми.
„Власта секојдневно прави исклучоци со цел некој да може да влезе во земјава со привремена виза. Има безброј приказни кога ожалостените роднини веднаш си заминуваат од Kанада кога кризата ќе заврши. Тоа го планирала и Николовска откако ќе го погребала својот 40-годишен сопруг Ѓузепе Сера, кој трагично загина во градежна несреќа минатата недела“, коментираат канадските медиуми.
Според тоа што може да се прочита, Николовска и Сера биле во брак помалку од една година. Се запознале пред повеќе од шест години, кога Македонката била на студии во Детроит, САД. Тие се зеле во декември лани, а свадбената веселба била во Италија, од каде што потекнува и Сера. Тој по свадбата заминал во Kанада, чие државјанство има откако од дете се преселил во земјата. Таму почнал процедура за вадење документи за својата сопруга. Во мај сопружниците биле известени од канадската амбасада во Виена дека визата за постојан престој не ~ била одобрена на Николовска.
Kога таа дознала за трагичната судбина на својот избраник, веднаш поднела документи за да може да присуствува на погребот и да ја сподели тагата со поблиското семејство.
Сепак властите во Отава не ~ ја одобриле визата, а Николовска за тоа дознала дури дента кога се одржувал погребот.
Според локалните медиуми, нејасно е дали врз одлуката имало влијание фактот што на Николовска неодамна ~ било одбиено барањето за виза за постојано жителство во Kанада. На оваа одлука таа и сопругот се жалеле. Медиумите пишуваат дека таа процедура немала никаква врска со сегашното барање за привремена посета поради итни семејни обврски.
Одвратно се однесуваат со ожалостено семејство
И дел од тие што се вработени во локалната администрација се шокирани од одлуката на властите. Џо Kомартин, кој се трудел жената да ја добие привремената виза, вели дека е изненаден од одлуката.
-Не знам како да ја опишам одлуката, а да не користам жесток речник. Одвратно е како властите се однесуваат со ова ожалостено семејство. Има преголема нечувствителност меѓу тие што носат одлуки – коментира Kомартин.
Тој откако ја чул оваа одлука, веднаш заминал во канцеларијата на министерот за имиграција Kрис Александер со надеж дека тој можеби ќе го забрза процесот, но не наишол на разбирање.
Dnevnik.mk