Зоран Заев најави дека ако не бидат изгласани уставните амандмани во Собранието, ќе следува Централен одбор на СДСМ на кој биде понесена одговорност.
-Деновите се броени, денеска треба да се гласа првиот амандман, ако не се гласа, одговорноста ќе си ја понесеме сите за процесот. Ако се изгласа среќата ќе ја споделиме. Ако нема мнозинство следува Централен одбор на СДСМ и понесување одговорност. Ние ставивме се на оваа карта. Верувам до небото во овој процес, од непроценлива важност е за сите граѓани. Но на крај одговорноста е на пратениците, изјави Заев денеска.