Заев: Бадијала измислени анкети, овој народ е желен за живот и слобода!


Груевски може да измислува анкети колку сака! Ништо не му помага, овој народ е желен за живот и слобода, изјави во петок пред граѓаните на Виница, претседателот на СДСМ Зоран Заев.zaev-5666

Заев ја побара поддршката од граѓаните за Планот за живот за младите да останат во Македонија. Тој рече дека по седум основи парите ќе се враќаат кон граѓаните, а трошоците ќе се намалуваaт. Како што рече, годишно од буџетот се крадат по 400 милиони евра, а 300 милиони евра се трошат непродуктивно.

„Македонија има потенцијал! Парите што ги крадеа ќе ги пуштиме кон вас. Ќе има и за просечна плата од 30.000 денари. Ќе се враќа 15% од ддв за плата плус во секое семејство!“, го заврши своето обраќање пред граѓаните на Виница претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1