Денеска во арената „Борис Трајковски“ премиерот Заев се ревакцинираше со вакцината од кинеската компанија Синофарм.
Заев се чувствува одлично и ќе го продолжи работниот ден согласно неговата агенда и ги повикува сите граѓани кои досега не се регистрирале на порталот vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу, сé со цел да постигнеме колективен имунитет и да прогласиме победа врз пандемијата предизвикана од КОВИД-19.