Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вечерва во своето обраќање пред Владата изјави дека граѓаните дочекале слобода.
Рече дека е горд човек затоа што живее во време кога Македонија демонстрираше слободна волја. Ерата на локални шерифи заврши, рече Заев.
„Народот ја испрати пораката. Даде поддршка на новите политки, на едно општество за сите. Пoбедивме во првиот круг во Делчево, Карпош, Центар, во Аеродром, Шуто Оризари, и чекаме тесна е разликата дали ке победиме во Кисела Вода, во Бител ии Гази Баба. Воедно влегуваме во вториот круг, да ја заокружиме победата. Победивме во Зелениково, во Арачиново, во Куманово, Ранковце, Крива Паланка, Кратово, Кочани, Пехчево, Берово, во Конче, во Радовиш, во Василево, Босилово, Ново Село, Струмица. Победивме во Валандово, во Богданци, во Дојран. Победивме во Гевгелија, Демир Капија, во Неготино. Победивме во Лозово, Велес, во Прилеп, со 12.000 гласа во Битола, во Ресен, во Охрид, Дебарца, во Вевчани, Крупево, кривогаштани, Маврово-Роступе, Јегуновце“ – изјави Заев.
Тој порача дека сега нема време за изговори, туку да се засукаат ракавите, и да се работи за народот, затоа што народот тоа го заслужува.
Заев рече дека ќе слушаат и ќе работат транспарентно, одговорно. Апелира на чесност и посветеност, и одговорност.