Заев: ЕУ не ни дозволи распуштање со реизбор на судството – тоа мора да се случи


Премиерот Зоран Заев во интервју за „360 Степени“ зборуваше за претстојните избори и критиките дека граѓаните дале глас за да се врати правдата во Македонија, а ниту еден од поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ не е во затвор.

„Го слушам Мицкоски, вика – Кацарска судство, порано беше Сваровски судство. Ние ништо не променивме во судството. Баравме од ЕУ да ни даде распуштање со реизбор на судството. Секој чесен судија што ќе ги помине филтрите на ветингот, нека остане судија. Тие тоа не го дозволија. А господинот Мицкоски кога ја прави таа паралела, дефинитивно само го потврдува тоа дека во судството мора да се направат сериозни промени. Тоа ќе биде составен дел на нашата понуда на следните избори. Уште самиот момент, еве денеска имаме три предмети од СЈО коишто се вратени на почеток. Тоа само по себе кажува дека правосудството треба да има коренити промени“,
рече Заев.

Видео на следниот линк – 360степени.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1