По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, премиерот во видео обраќање до граѓаните истакна дека корупцијата е корозија на секое општество и закана за иднината и за квалитетот на живот на сите граѓани.
– Нашата Влада и јас како премиер, но и сите претставници на локалната власт, како и претставниците од граѓанскиот сектор и од приватниот сектор, имаме одговорност да се справиме со сериозните предизвици што корупцијата ги поставува пред нас.
Корупцијата е закана за воспоставување на владеење на правото, а ние презедовме обврска дека во Македонија ќе владее правото.
Затоа, мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата. Ве охрабрувам и вас, активно да се вклучите во oваа заедничка борба, преку пријавување на корупцијата и без страв од последици. Со ова јасно укажувам дека никој нема да биде изземен од одговорност- рече Заев.
Само така, заедно и пркосно, ќе креираме успешни политики, и ќе поставиме темели за постабилна, економска и правична иднина за сите граѓани на Република Македонија. Од успехот на борбата против корупцијата, зависи успехот на нашата држава, порача премиерот.
– Со вашиот глас ја добивме најодговорната функција, да раководиме со оваа држава. Реформата е во тек и се интензивира. Промените во Република Македонија значат заложби за професионални институции и обезбедување права и слободи на секој човек. Со промените градиме едно и единствено општество во кое нема место за корупција.Нека ни е честит Меѓународниот ден за борба против корупцијата. Да живее слободна, демократска Република Македонија! – речеЗаев во видео ображањето.