Наградата за особен придонес кон мирот и безбедноста, на двајцата премиери ќе им биде врачена на посебната церемонијална вечера чиј домаќин е премиерот на Федералната држава Баварија Флориан Херман.
Една од централните активности на денешната попладневна агенда на годинешната Минхенска конференција за безбедност им е посветена на добитниците на главната награда на конференцијата „Евалд Фон Клајст”, која оваа година им се доделува на премиерите на Република Северна Македонија и Република Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас.
Наградата за особен придонес кон мирот и безбедноста, на двајцата премиери ќе им биде врачена на посебната церемонијална вечера чиј домаќин е премиерот на Федералната држава Баварија Флориан Херман.
Претходно, во 15 часот, премиерите на Република Северна Македонија и Република Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе бидат главни панелисти на заедничката дискусија за Република Северна Македонија и Република Грција.