Заев и Ципрас телефонски: Продолжуваме со иста посветеност кон Преспанскиот договор


Превземањето на министерството за надворешни работи од страна на премиерот Ципрас после оставката на министерот Коѕијас е знак дека Грција најсериозно ќе продолжи со имплементација на договорот од Преспа, вели премиерот Заев кој телефонски разговарал со колегата Ципрас.

И портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос вели дека двајцата премиери се согласиле за спроведување на договорот.

А во писмо до грчкиот колега Коѕијас, неговиот соборец во составувањето на преспанскиот договор, министерот Димитров вели дека за една година успеале да приближат децениски разлики.

„Со министерот за надворешни работи Коѕијас имавме интензивни месеци на комуникација, станавме вистински пријатели и во период од една година успеавме да направиме нешто кое во претходните 27 години се сметаше за невозможно – ги приближивме нашите две земји и го склучивме историскиот договор од Преспа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1