Заев ја пука третата „бомба“ – Апсењето на Љубе Бошковски


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска пред јавноста објави снимен телефонски разговор меѓу шефот на УБК, Сашо Мијалков и новинарот на Сител, Драган Павловиќ- Латас, со кој според него се гледа дека апсењето на Љубе Бошковски е монтиран случај. Како што рече Заев, тие однапред знаеле и колку години затвор ќе добие Бошковски.

Ljubo-Boskovski-pritvoren-u-Skoplju_ca_large

На презентираните снимки Мијалков му кажува на Латас како бил апсен Бошкоски и што сé е направено тој да биде понижен со прикажувањето на снимките во вестите. Во натамошните разговори, Мијалков му „нарачува“ на Латас подобри снимки и фотографии од апсењето на Бошкоски да пушта во дневникот, затоа што на Канал 5 бил `појак`, а Латас му ветува дека пет дена ќе го раскажува тој случајот на вести.

Снимен разговор има и меѓу Мијалков и сопственикот на Канал 5, Емил Стојменов.

Видео од објавените разговори на следниот ЛИНК 

 

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1