Заев: Јас сум човекот кој ќе остане запамeтен дека го сменил името


Заев во интервјуто објавено во два дела, секој дел во траење од околу три минути, говори за Договорот од Преспа, за зближувањето на народите, за економската соработка, за неговото пријателство со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, вели дека во нашата земја ќе остане запаметен како човекот под чие лидерство е сменето името на земјата.

Потенцира дека во зависност од тоа како некој го гледа договорот, може да каже дека е добар или лош, но изразува верување дека сите ќе гледаат кон иднината и нема да има враќање назад.

Ги имам следено внимателно ставовите на господинот Мицотакис, секако неговиот коментар дека договорот не е добар ни е познат. Договорот, веројатно ако гледаме низ призмата на двете земји можеби подеднакво не е добар или подеднакво е добар. Јас верувам дека сите заедно ќе гледаме напред, нема да се враќаме назад. Господинот Мицотакис е искусен политичар и сигурно ѝ мисли добро на својата земја и на своите соседи, па и на целиот балкански регион, вели Заев во интервјуто направено пред изборите во Грција и пред Мицотакис и официјално да стане премиер на земјата.
Премиерот коментира дека сега Грција за нас е нов пријател и стратешки партнер и тоа не е мала придобивка.

Јас сум човекот овде во Северна Македонија, кој ќе остане запаметен дека под негово лидерство е сменето името на нашата земја. Но, и како во едно семејство, некогаш во животот мора да направите одредени чекори, не толку среќни, не толку што ве исполнуваат, но заради добро на децата, за добра иднина на семејството, но и на соседството заедно ги правите ваквите чекори. Сега имаме нов пријател и стратешки партнер Грција. Зарем тоа е мала придобивка која што ја добивме? Тоа е голема работа за мене, вели Заев, пренесе МИА.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1