Заев ќе бара одложување на изборите?


Претседателот на опозицијата, Зоран Заев, најави одложување на рокот за одржување на изборите. Тој вели дека за можното одложување ќе дискутира и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој се очекува да пристигне во посета на Скопје следната недела. Според Заев, евентуалното одложување на изборите зависи од договорот со Хан, но и од другите потписници на политичкиот договор од јуни. Заев, како можен датум за одржување на следните парламентарни избори го спомна септември.zaev

„Засега нема конкретен договор за поместување на изборите закажани за 24 април. Можеби во општинските организации сме разговарале за роковите до кога би се прочистил Избирачкиот список или би се нашол договор за медиумите. За конкретни датуми ќе разговараме на средбата со Јоханес Хан во Скопје, но, тоа не значи дека изборите не можат да се одржат во април или во јуни. Можеби ќе заклучиме дека идеално за одржување на изборите ќе биде септември. Сепак за тоа треба да разговараме со еврокомесарот во Скопје и со останатите партии потписнички на Договорот од Пржино. Ако добијам, пак, цврсти гаранции дека изборите ќе бидат фер и демократски тие можат да се одржат и на 24 април“, изјави Зоран Заев за новинската агенција „Мета“.

Од друга страна, другите тројца лидери потписници на политичкиот договор, Никола Груевски, Али Ахмети и Мендух Тачи, упорно стојат на ставот дека изборите нема да се одложат и дека ќе се одржат на 24 април, како што е предвидено со последниот политички договор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1