“Ќе го објавиме “Монструм” и тоа многу брзо” – порача Зоран Заев, преку емисијата 360 степени на телевизија Алсат.
Заев инаку во емисијата најави нова бомба за во 14 часот, но не за Монструм.
Заев рече дека очекува иницијатива за нова средба до крајот на неделата, а рече дека ако таквата иницијатива не дојде од друга страна, самиот тој ќе ја покрене. Запрашан за најавите дека можно е Груевски да направи брзи избори уште летово, Заев рече дека е невозможно такво нешто да се случи, и дека мора да има најмалку 10 месеци до изборите по постигнувањето договор.
Како што рече, доколку се постигне договор во наредните денови, тогаш би останал и терминот во април 2016, но доколку случајно нема договор до крајот на јули, или пак август, тогаш и терминот за избори би требало да се помести, за мај или јуни 2016.