Заев најави нови „бомби“ – спремни биле вкупно 102 за Смиљковско, А1… (ВИДЕО)


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за медиумите, зборуваше за средбите во Стразбур како и за продолжување на проектот „Вистината за Македонија“, односно опозициските „бомби“.

Тој откри дека пред почетокот на објавувањето биле спремени 102 папки, односно „бомби“ со докази за криминал и злоупотреби, а пред големиот граѓански протест било планирано објавување на 35. Објавувањето на 2 помалку, односно 33, го припишува на настаните во Куманово.zaev

Ништо нема да остане необјавено. Кон крајот на неделава ќе решиме кога ќе продолжиме со објавување и на други содржини од „Вистината за Македонија“, најавува Заев

„Не е во прашање само ‘Смилковско езеро’. Има и други содржини што и ги ветивме на јавноста, а до денес не се објавени, како што е и случајот ‘А1 телевизија’, ‘Скопје 2014’ и многу други. Изминативе денови имаме многу активности – протест, лидерска средба во Скопје, средба во Стразбур… Објавувањето на ‘бомбите’ привремено беше запрено затоа што сакавме да му дадеме примат на протестот. Но, ништо нема да остане необјавено. Кон крајот на неделава ќе донесеме одлука кога ќе продолжиме со објавувањето и на другите содржини од ‘Вистината за Македонија’. Затоа, молам за трпение и за разбирање“, изјави Заев.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1