Заев не бара оставка од Богоевски, смета дека е добар пратеник кој набавувал лек


По снимката со Павле Богоевски, Премиерот Зоран Заев од Виена застана зад пратеникот. Го пофали дека успешно работи во Собранието, повика истрагата да се заврши и остава тој сам да донесе одлука дали ќе си поднесе оставка или ќе продолжи да биде народен избраник. Заев немал можност да разговара со Богоевски, објави Сител.

-Направил обид за да набави лек за својата сестра, не сум имал можност да се видиме, но ќе се видиме. Треба да биде еднаков како сите, но се пријави и самиот и го пријави и таксистот. Јавно настапи и транспарентно, не го бранам, но како што се зборува за сите така и за него, изјави од Виена Премирот Зоран Заев.

По метлата и брашното од опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска пред собранието “иронично” оставија бел прашок за пратеникот Павле Богоевски.

-Павле, нека не те местат таксистите дека наводно си нарачувал пола грам кокаин кога може си мислел и на прашак за перење. Не нарачувај пред непознати луѓе, некои дилери убаво да ти спакуваат “пола” во наредниве месец дена. Ние ќе ти дадеме прашак за перење. Се купува во маркет. Исто како што се купува во аптека и масло од канабис кое се произведува од нивите на Заеви. Ќе ти објаснат Вице и Зоран. Нема потреба по телефон, нелегално да нарачуваш, изјави Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО ДПМНЕ.

Павле Богоевски денеска беше на работа во собранието, но повторно ги избегна медиумите.

Богоевски зад камерите уверуваше дека неделава ќе ја закаже комисијата за мандатно имунитетни работи за одземање на мандатот на Никола Груевски со која раководи токму тој, а првично комисиската седница беше најавувана за денеска.

Минатата недела на социјалните мрежи се појави снимка во која наводно се слуша како нарачува кокаин, Богоевски ја потврди автентичноста на снимката но тврдеше дека се работи за масло од канабис за негов близок.

Сител.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1