Зоран Заев денеска на прес-конференција истакна дека не е потребен потпис од претседателот Иванов за уставните измени.
– Да, спомнав, за да сфатат граѓаните, првин од устата на премиерот, за сериознаоста на одлуката што е донесена во нашиот Парламент. Договорот стапува во сила откако ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент. Примената е јасно опишан внатре. За меѓународна употреба стапува веднаш, за домашна употреба со отварање на поглавјата не повеќе од пет години е опишано детално. Но дефинитивмо, тоа е решението кое го прифативме и кои ги отвора перспективите на целиот наш народ и нашата земја, истакна премиерот Заев.