Заев: Ни Горна, ни Северна (ВИДЕО)


Име како „Горна“, „Северна Македонија“ или слично, за нас е неприфатливо, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев во интервју за Радио слободна Eвропа.

На прашањето дали смета дека предлогот Горна Македонија е прифатлив за Македонија и за откочување на евроинтеграциите, Заев одговори:

zaev – Ниту знам дали е тоа предлог, ниту некој го соопштил. Јас мислам дека за нашето име не може да се зборува вака, Горна, Северна или што било. Јас сум Македонец, јас ги имам истите корени како секој Македонец, моето семејство има намера да опстојува како Македонци во оваа земја и нема да дозволам ни повеќе ни помалку од кој било свесен, трезвен, родољубив Македонец да се отстапи од нашите позиции. Затоа лицитирањето со вакви предлози за мене е апсолутно неприфатливо и кога некои наши поддржувачи или поединци го споменуваат ова прашање, тоа не е став на СДСМ. Нашиот став по основ на ова прашање секогаш јасно го кажуваме, дали тоа било прифатливо или не, име вакво, Горна, Северна или слично за Република Македонија, не, за нас е неприфатливо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1