Мајката на синокосото девојче е Бугарка – ја дала на Ромите бидејќи не можела да ја чува?


Ова е една од верзиите која се појави откако грчката полиција го пронајде русокосото девојче во ромско семејство каде што не припаѓа. Грчко семејство, пак, бара ДНК анализа надевајќи се дека Марија е нивна!

grcija-mekkejn-kid-01Се уште се трага по идентитетот на 4 годишното русокосо девојче кое грчката полиција го најде во ромско семејство во Фарсала. Роднина на уапсената ромска двојка кај која е најдено детето во грчката програма „Светло во тунелот“ изјавила дека детето ним им било предадено во 2009 веднаш по раѓањето од страна на нејзината мајка Бугарка која не можела да ја чува. Наводно мајката на Марија живее во селото Софадес во северна Грција.

Од друга страна грчка брачна двојка инсистира на проверка дали Марија е нивна. Имено, лекарите по раѓањето на нивното дете во Солун им рекле дека починало, но кога побарале доказ, виделе дека ковчегот е празен – пишува greekreporter.com.

Кај ромската двојка кај која е најдена Марија живееле 13 деца, за неколку од нив тие поседувале фалсификувани документи. Според документите најдени кај нив, излегува дека 40 годишната жена во период од 5 месеци од јуни до ноември 1993 родила 3 деца, а од октомври 1994 до февруари 1995 родила уште три.

Потрагата по идентитетот на Марија продолжува. Полицијата апелира секој што знае нешто да се јави на броевите  +1 2410-683171 и +1 2410-683184 / 5 или да контактира со hamogelo.gr.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1