Заев: Ни треба позитивна одлука сега и веднаш


Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција со еврокомесарот Хан побара ЕУ да не ги гаси светлечките ѕвездички кон кои се стремиме.

Европски претставници бидете наши херои, не наша пречка. Еве го Октомври, дојдовме и ја чекаме заслужената одлука да почнеме преговири, откако пристапивме искрено и чесно, вели Заев.

Додава дека Северна македонија треба да добие позитивна одлука сега и веднаш.

Ни треба позитивна одлука сега и веднаш, за нас тоа е нов процес на задачи, рокови и упорна работа на цело општество. Процес на отварање поглавја за стандардите на Европската Унија. По 10 позитивни препораки, јас како прмиер и мојот народ сме убедени дека треба да започнеме со преговорите, вели Заев.

Додава дека граѓаните се повеќе од подготвени.

Секое одложување ќе биде прочитано како негативна одлука и ќе има негативни ефекти, ќе има разочарување кај граѓаните и меѓу членовите кои го поддржаа Договорот од Преспа поврзан со ова, вели Заев.

Добронамерно предупредува дека ако не се испорача одлуката, кредибилитетот на ЕУ ќе се стави под знак прашалник.

Ова ќе го зајакне интересот на третите страни во регионот, ако ЕУ покаже слабост за Западен Балкан, зошто третите страни ќе го пополнат вакумот, вели Заев и додава да не ги гасат светлечките ѕвездички кон кои се стремиме.

Заев упати порака и кон народот: – Нашиот пат е еден и постигнуваме резултати, никој нема да ни ги одземе реформите и промените, од ова ќе излеземе посилни.

Вели ќе продолжат мерките за поголеми плати и пензии, борба со криминалот и борба за поздрава средина.

Заев му се заблагодари на Хан и му кажа дека е голем пријател на Северна Македонија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1