Заев: Оставките се потврда дека разговорите се автентични


Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, во вторник вечер на својот фејсбук профил напиша дека се што зборувале се потврдило и дека оставките на министрите за внатрешни и транспорт и врски, како и директорот на УБК, се доказ дека прислушуваните разговори што ги објавуваа се автентични.zaev

„Сè што зборувавме се потврди, ова е доказ и за прислушувањето и за автентичноста на разговорите. Ова е доказ за содржината на разговорите кои ги потврдуваат сите незаконитости и криминали на Никола Груевски и врвот на власта. Не е време за триумфализам! Оставките на Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и Сашо Мијалков не се наша крајна цел. Ова е само чекор до крајот на Никола Груевски“, напиша Заев во својот фејсбук статус.

Инаку, вечер, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, поднесоа неотповикливи оставки до Владата, кои премиерот Никола Груевски ги прифати.

За нов министер за внатрешни работи е предложен Митко Чавков, а за транспорт и врски Владо Мисајловски. Чавков е актуелен директор во Бирото за јавна безбедност, додека пак Мисајловски е директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за среда закажа седница на Собранието, на која ќе бидат гласани новите министри

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1