Заев оствари средба со човекот што лажно се претставуваше како принц на Црна Гора и Македонија


Премиерот Зоран Заев го примил Стефан Чернетиќ, човек кој лажно се претставува како принц на Црна Гора и Македонија. Заев добил и орден од наводниот принц.

-Кралското семејство од Црна Гора и Македонија, принцот Стефан, принцезата Карола и синот принц Константин имаа чест да бидат официјално пречекани во владината палата во Скопје, Република Македонија од страна на премиерот Зоран Заев, пишува на својот Фејсбук профил самопрогласениот принц.

Од владата потврдија дека Заев навистина се сретнал со Чернетиќ, но дека средбата била од неофицијален каракер. Во рамки на неговите средби и контакти со заинтересирани граѓани.

Лажниот принц објавил и линк од сајтот golfpeople.eu , на кој е објавена вест со фотографија од неговото семејство со премиерот на Македонија. Чернетиќ, како што може да се види од неговиот фејсбук профил, со своето семејство, сопругата и синот, е во посета на Македонија. Чернетиќ цели шест години успешно лажел дека е принц на Црна Гора и Македонија, а всушност е новинар и гастрономски критичар. Тој тврдел дека доаѓа од лозата Чернетиќ и дека покрај Црна Гора и Македонија има задолженија и во Србија, Албанија, Војводина, но и во Константинопол, Романија и во Грција. На Фејсбук поставувал фотографии од писма од Доналд Трамп, како и часовник што наводно е подарок од Владимир Путин. Исто така велел дека е сопственик на голем број недвижни имоти во државите каде неговото семејство владеело.

Во јуни минатата година италијанската полиција го уапси Чернетиќ за лажно претставување и фалсификат, а тој доби и посебни пријави за неговото возило, црн мерцедес кој секогаш бил накитен со знаменца на Црна Гора и лажни налепници на дипломатскиот кор.Меѓу нив се и српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ и глумицата Памела Андерсон, на која тој ѝ ја „доделил“ витешката титула дама.

Тој со лажниот индентитет со години живеел на сметка на голем број италијански и светски џетсетери. Италијанската полиција успеала да го приведе лажниот принц на Црна Гора и Македонија кога направил голема сметка во одморалиште во кое престојувал, а менаџерот ја проследил до амбасадите на Македонија и Црна Гора. Од македонската амбасада тогаш реагираа со зборовите „не испраќајте ни сметки, немаме принц и сигурно не го делиме со Црна Гора“.

Еден италијански детектив кај Чернетиќ пронашол куп лажни пасоши, медалјони и дипломатски пасоши. „Сме виделе секакви работи, но вакво нешто не“, изјавил тогаш еден полицаец за британски Телеграф.

Инаку, за Стефан Чернетиќ пред една година пишуваа сите светски медиуми како за голем измамник што лажно се претставува како принц за да стекне финансиска корист. На неговата листа на добитници на ордени се и Памела Андерсон, а од Македонија на листата стигнаа да бидат и Зоран Заев и поранешната македонска мисица Дунавка Трифуновска, која стана дама од висок ранг на сребрениот медал на Св. Ѓоргија.

Чернетиќ инаку е Италијанец роден на словенечката граница, кој сега живее во Торино.

Градоначалникот на Монополи, Емилио Романи, кој пред две години му бил домаќин на Чернетиќ, вели: „Се тешам со фактот дека не сум единствениот, бидејќи ликов се сретнал и со градоначалници низ цела Европа, како и со личности од шоу-бизнисот.“

https://www.telegraph.co.uk/news/2017/06/15/prince-montenegro-conferred-honour-pamela-anderson-exposed-alleged/

https://www.rt.com/viral/392485-montenegro-fake-prince-pamela-anderson/

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1