Опозицискиот лидер Зоран Заев со изјава за германскиот весник „Ди Цајт“ поврзана со случајот „Монструм“, кажал дека осудените во овој грозоморен случај биле невини.
– Седумтемина етнички Албанци кои се осудени за случајот Смилковско езеро се невини, беше изјавата на Заев во интервју за германскиот весник
Само ден потоа Заев се огради, и се јави со објаснување дека истата била “погрешно интерпретирана“ од германскиот новинар.
Сепак, и покрај ретерирањето на Заев од изјавата, за кое не се знае дали е намерно или пак ненамерно, веќе е посеана атмосферата на конфликтност со истата и таа претставува играње со чувствата на семејствата на жртвите и обвинетите во овој случај.
Исто така, прашањето кое неминовно се поставува е дали СДСМ испрати демант до германскиот весник „Ди Цајт“, имајќи во предвид дека најголемата опозициска партија постојано го прави тоа кога Заев ќе биде “погрешно интерпретиран“ од домашните медиуми.