Заев пак не бил разбран – не кажал дека осудените за Смилковско се невини – испратил ли демант?


Опозицискиот лидер Зоран Заев со  изјава за германскиот весник „Ди Цајт“ поврзана со случајот „Монструм“,  кажал дека осудените во овој грозоморен случај биле невини.

– Седумтемина етнички Албанци кои се осудени за случајот Смилковско езеро се невини, беше изјавата на Заев во интервју за германскиот весникzeit

Само ден потоа Заев се огради, и се јави со објаснување дека истата била “погрешно интерпретирана“ од германскиот новинар.

Сепак, и покрај ретерирањето на Заев од изјавата, за кое не се знае дали е намерно или пак ненамерно, веќе е посеана атмосферата на конфликтност со истата и таа претставува играње со чувствата на семејствата на жртвите и обвинетите во овој случај.

Исто така, прашањето кое неминовно се поставува е дали СДСМ испрати демант до германскиот весник „Ди Цајт“, имајќи во предвид дека најголемата опозициска партија постојано го прави тоа кога Заев ќе биде “погрешно интерпретиран“ од домашните медиуми.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1