Со објавените огласи за вработувања во јавната администрација се пополнуваат испразнетите места од втората половина од 2017 година и тоа нема да направи зафаќања во Буџетот.Ова го истакна премиерот Зоран Заев одговорајќи во врска со објавените огласи за вработувања во јавната администрација.
-Станува збор за пополнување на испразнетите работни места на крајот на минатата и почетокот на оваа годна. Тоа се работни места испразнети во втората половина од 2017 година, а сега се пополнуваат и тоа само дел од нив. Со вработувањата нема нови зафаќања од буџетот и не е предвиденио ништо освен најавените зголемувања од пет проценти, а некаде и 10 во некои институции, посочи премиерот и побара да се погледнат податоците за бројот на администрацијата во минатите години и сега.
Во однос на минималната плата рече дека целата постапка ќе биде транспарентна, преку дијалог со синдикатите и работодавачите.
-Имаме намера да отвориме дијалог за минималната плата со синдикатите и со работодавачите. Ние сме убедени дека во едно праведно и солидарно општество државата треба да преземе вакви чекори, а тоа да не биде на штета на никој од учесниците во постапката. Претходната корекција на минималната плата помогна да се раздвижи спиралата за зголемување и на другите плати, изјави Заев.
На прашањето за претседателските избори тој рече дека посакува да имаме консензуален кандидат за претседател.
-Посакувам да имаме консензуален кандидат за претседател, кој ќе биде татко на нацијата и зад кој ќе застанеме сите, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на договорот за заем за изградба на фотонапонската централа Осломеј во Владата на РМ.Досега не е отворен процес во врска со утврдување кандидат за претстојните претседателски избори, бидејќи во тек е сериозен процес за завршување на постапката за уставни измени во Парламентот, рече премиерот и најави дека веднаш потоа ќе ја отворат дебатата.
Посочи дека му е драго што има кандидати, но дека ќе треба да се види кои од нив граѓаните ги сакаат.
-Посакувам да имаме консензуален кандидат од сите. Да имаме човек кој ќе биде татко на нацијата зад кој ќе застанеме сите, рече Заев и додаде дека се надева оти ќе биде избран кандидат за кој ќе биде чест да застанат и да го промивираат како иден претседател на Република Македонија.
Премиерот очекува владејачката коалиција да победи на претседателските избори но, како што вели, за одлуката на граѓаните клучна ќе биде личноста на кандидатот.
-Ќе се обидеме да го изнајдеме најдобриот, или најдобрата. Ќе се потрудиме да најдеме кандидат што максимално ќе биде прифатлив за сите граѓани на Република Македонија, вели Заев.