Заев: Постигнавме договор со ДУИ за Влада, јас ќе бидам премиер четири годиникоалиција


Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска објави дека денеска е постигнат договор за создавање парламентарно мнозинство, формирање нова влада и за поделба на министерствата со ДУИ. Заев објави исто така дека нивниот денешен договор треба да го потврдат највисоките тела на партијата.

– Јас сум горд на овој договор кој е пред истекот на 20 уставно загарантирани денови. Во оваа прилика ќе претставам дел од принципите од договоро за влада која ќе ја предводам јас во полн 4 годишен мандат. Квалитетни одговорни и отчетни кадри за ситересори од двете страни, кои ќе испорачааат програрмски определби од договорот, нема да има министри без ресор со исклучок на вицепремиерски функции, да се јакне економскиот стандард и привлекување странски инвестиции, рече Заев.

Заев имаше средба со Ахмети за постигнување конечен договор за формирање на влада, на која присуствуваа и генерлните секретари на партиите Артан Груби од ДУИ и Љупчо Николовски од СДСМ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1