Заев прифатил дел од барањата на Села, ќе се менува преамбулата


Со Алијансата на Албанците на Зијадин Села е постигнат договор за уставните измени. Дел од нивните барања се прифатени во однос на Преамбулата на Уставот, која ќе претрпи дополнителни измени.

делот на преамбулата „граѓаните коишто живеат во границите”, посочувајќи дека конечната формулација ќе биде „граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, дел од влашкиот народ…”.

„Кога ја читате преамбулата во моментот стои „граѓаните на Македонија, македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во границите, а се дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ и сл.“, така стои во сегашната преамбула. Она што досега е прифатено беше „коишто живеат во границите“. Зборчето „граѓаните“ пред „коишто живеат во границите“ пропуштивме да го тргнеме заради тоа што граѓаните се спомнуваат во почетокот на преамбулата и стои „граѓаните во Македонија, македонскиот народ и граѓаните како дел од албанскиот народ…“, сега е во моментот како што е формулирано, ова второто „граѓани“ се тргнува. Конечната варијанта ќе биде „граѓаните на Македонија, македонскиот народ и дел од албанскиот народ, дел од турскиот народ, дел од влашкиот народ…“ како што е соодветно наведено тоа поприлично ги воедначува граѓаните пред својата татковина – Република Македонија“, објасни Заев.

„Вториот амандман што всушност е прифатен и од Алијансата за Албанците и од делот на Беса е дискусијата за амандманот 36 или членот 49 каде што буквално во самиот предлог стоеше „за дијаспората на македонскиот народ“ за да биде еднакво водењето на грижата на државата спрема сите граѓани коишто живеат во дијаспората благодарение на нивната дискусија останува да биде како што веќе е прифатено основната нивна дискусија и барање да биде „дијаспората на македонскиот народ и другите заедици коишто живеат во Македонија“, нагласи премиерот.

Истакна дека третата работа што е прифатена од страна на Алијансата за Албанците е дополнувањето на Уставниот закон во однос на Косово, односно, каде што покрај четирите соседи се впишува и петтиот сосед којшто е признаен од Република Македонија – Косово.

Заев рече дека на средбата било потврдено оти Алијансата за Албанците ќе даде поддршка уставните амандмани и уставниот процес во Собранието.

Тој додаде дека има и работи за кои се согласуваат со премиерот, но дека треба да се најде начин како да се изведат. Села повтори дека Алијансата нема да отстапи од барањето за албанскиот јазик да биде дефиниран како албански јазик, а не како 20 отсто, но додаде дека за ова се уште не е постигнат договор.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1