Заев: Протестот ќе заврши кога Груевски ќе поднесе оставка


Не сме сами, туку со нас се многу граѓани, интелектуалци, здруженија, партии, и остануваме до крај, додека Груевски не поднесе оставка, изјави денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за протестот в недела. „Околу 4.600 активисти ќе останат да спијат во Скопје за во континуитет да продолжи протестот. Сѐ ќе обезбедиме според нашите можности, за се да биде мирно и со содржини“, изјави тој.zaev

Во врска со информациите дека власта правела обиди да ја спречи масовноста на протестот со оневозможување на организираниот превоз, Заев рече дека „се прават натчовечки напори за да се ангажираат комбиња и автобуси за да може да се донесе народот в недела во Скопје“.

„Ако треба и со возови, со багери и тактори народот ќе дојде. Апелирам до власта и до Груевски, да не прават проблеми. Протестите ќе бидат мирни и ненасилни. Наши членови ќе снимаат и со телефони, макар чекор за насилство на некој поединец. Ќе пазиме да не нѐ местат, рече Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1