Заев се врати од Брисел и итно ги свика министрите


Премиерот Зоран Заев се врати од Брисел, каде пред дводневниот самит на ЕУ побара од европските лидери да донесат одлука за отворање на пристапни преговори на Македонија со ЕУ и веднаш ги свика министрите за консултации.

„Во моментов во Владата течат политички консултации на премиерот со министрите“, потврдија извори од Владата за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Одлуката дали земјава ќе добие датум за отпочнување на пристапните преговори, европските лидери треба да ја донесат и соопштат денеска, откако на првиот ден од самитот не беше постагнат договор поради ветото на Франција.

Заев претходно на Фејсбук напиша дека никој не може да ги одземе реформите и промените кои се постигнати и дека од се излегуваме посилни и поискусни.

Никој не може да не спречи да продолжиме по патот по кој цврсто напредуваме – патот на раст на платите, патот на борба против корупцијата, сиромаштијата и загадувањето, патот на социјална заштита на ранливите, патот на градење институции кои се поткрепа на секој граѓанин. Почитувани граѓани, стануваме членка на НАТО, што беше наша стратешка цел од независноста до денес. Јасно е дека Балканот се промени и дека станува извор на стабилност. ЕУ добро го знае тоа и мора да прифати дека и Балканот е европски. Остануваме посветени и со работа докажуваме каде ни е местото, напиша тој.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1