Заев: Снимката ми ја даде Ден Дончев


Снимката ми ја даде Ден Дончев, лично, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на распитот во Основен суд 2 – Скопје. Поради оваа аудио снимка, на која СДСМ тврдеше дека е снимено како премиерот Никола Груевски преку посредник договара продажба на „Македонска банка“, Заев доби тужба од премиерот Никола Груевски за клевата и навреда.

gruevskizaev– Многу сум навреден. Заев изнесе лаги и клевети и ми нанесе повреда на честа и угледот, како и голема душевна болка. Со оваа снимка Заев сакаше да ме дискредитира помеѓу двата круга на изборите и гласачите да гласаат за Заев – изјави Груевски на прашањето на судот како се чувствува.

Заев додаде дека сите докази за трансакциите, како и документи за продажбата ги добил од Дончев неколку дена пред да ја објави снимката.

Премиерот Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, претпладнево се појавија во Основен суд 2 Скопје, каде се води процесот во кој Груевски го тужи Заев за клевата и навреда.
Груевски го тужи Заев за клевета и навреда откако СДСМ објави аудио снимка на која тврди дека е снимено како Груевски преку посредник договара продажба на „Македонска банка“ на газда Нини.

Вчера во улога на сведок судијката го повика српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ Нини, кој рече дека не ги познава лично ниту Груевски, ниту Заев, а акциите од Македонска банка ги купил на берза.

Плуиснфо

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1