Заев: Таблиците на автомобилите ќе бидат НМК – промена на сите документи за Македонците


Договорот ќе биде валиден по референдумот и по ратификацијата на договорот за името, од тогаш почнува Република Северна Македонија за надворешна употреба, а за внатрешна употреба ќе почне со отварање на секое поглавје за членество во ЕУ.

Тој вели не се знае кога ќе биде средбата и дали конкретно ќе биде во Преспа, а референдумот ќе биде на есен.

-Секаде во светот постојат северни земји, горни не псотојат, заота Република Северна Македонија беше најприфатливо решение. За идентитетот, секаде се употребува македонски, македонско и така натаму, но во државното ќе се употребува новото име. Ќе биде Влада на Република Северна Македонија, но ќе биде македонска Влада. Кодовите ќе бидат МК и МКД, но таблиците на автомобилите ќе бидат НМК за да не провоцираме во Грција, рече Заев.

Новото име кое е договорено со Грција, а за кое граѓаните ќе се изјаснат на есен на референдум, е Северна Македонија, информираше денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев.

Новото име кое ќе биде ерга омнес или за севкупна употреба ќе значи промена на секој документ за Македонците, дури и факултетските дипломи.

За Заев ова е достоинствено решение со кое се оди напред кон ЕУ и НАТО, а последниот зор ќе го имаат граѓаните.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1