Мицковски: За ВМРО-ДПМНЕ договорот е „капитулација“


Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го откажа патувањето и закажаните средби за утре и побара од премиерот Зоран Заев веднаш да му го достави договорот со Грција за решавање на спорот за името.

– Најпрво не беше за промена на Уставот, потоа прифати географска одредница за подоцна да ја убеди македонската јавност дека со промена на Устававот и решението илиндска Македонија го потврдува идентитетот, рече Мицковски.

Смета дека Заев сака „шверцерски“ да го протне решението, кое претходно го објави премиерот, Република Северна Македонија, како епохално.

– Ова е тежок егзибиционизам на штета на сопствената држава. Бараме т.н. договор кој Зоран Заев има намера да го потпише веднаш да ни го достави, појасни тој и рече дека ова не е вистинско решение, туку „капитулација“.

Нагласи дека е битно да се разграничи која институција е надлежна и има ингеренции да склучува меѓународни договори, владата или претседателот на државата.

– ВМРО-ДПМНЕ нема намера да поддржи промена на Уставот заради промена на името, повтори Мицкоски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1