Лидерот на СДСМ Зоран Заев, во моментот прогласи победа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ на предвремените парламентарни избори. Тој од изборниот штаб на партијата се обрати пред јавноста.
-Можеме и тоа како можеме! Успеавме народе мој. Со убедлива и стабилна предност со над 3 пратенички мандати предност пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за уште повеќе од еден или два мандати, истакна Заев.
Лидерот на СДСМ им се заблагодари на граѓаните што го одбрале правиот пат, а ја избегнале опасноста и враќањето на режимот.
-Има една народна поговорка. Како ќе си постелиш, така ќе си легнеш. Сите учесници од денешните избори добија порака од своите гласачи. Среќен сум што граѓаните ги препознаа вистинските вредности, рече Заев.