Заев: Власта прислушувала 26.000 граѓани – прислушувани и Ставревски и Јанкуловска


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференцијата на која презентираше материјали за нелегално прислушкување на околу 26.000 граѓани, во кои се и тој и голем дел од врвот на СДСМ, како и лидерите на голем број политички партии, но и министрите Јанкулоска и Ставрески, и пушти дел од снимките, порача дека ќе побара вештачење на снимките.zaev sdsm

Тој побара и Основното јавно обвинителство да почне процесот за мега-скандалот.

Директорот на УБК во незаконските прислушкувања не ги штедел ни високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ и министри во владата, Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески, па дал налог да се прислушкуваат и тие, рече на прес-конференцијата Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес конференција рече дека власта прислушувала над 20.000 граѓани, а самиот тој бил прислушуван повеќе од 4 години.

„Во Македонија само во период од неколку години се прислушувани повеќе од 20.000 луѓе. Позади оваа операција стои Никола Груевски и неколку луѓе околу него. Материјалите покажуваат незаконско и масовно прислушување под директна наредбана Горан Груевски и Сашо Мијалков“, рече Заев.

Тој истакна дека самиот бил прислушуван повеќе од четири години, иако тоа е законски недозволено.

Лидерот на СДСМ истакна дека власта прислушувала членови и луѓе блиски до опозицијата, новинари, но прислушувала и разговори на министри во Владата, за што, како што рече, има материјали од 204 страници.

Материјалите, рече Заев, ги добил од македонски тајни служби и побара амнестија за сите лица кои биле вклучени во прислушувањето, а кои ги доставиле материјалите за да се разоткрие оваа незаконска операција.

На прес конференцијата беа пуштени прислушувани разговори на Заев со новинари и членови на неговото семејство, како и разговор меѓу министрите Јанкуловска и Ставрески..

СДСМ најави кривични пријави против Груевски и Мијалков.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1