Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска во седиштето на СДСМ даде 16 минутното интервју за хрватската телевизија Нова.
,,Странските служби кои наводно ми помогнале мене околу доказите, само премиерот го соопштува тоа, Министерството за внатрешни работи не спомена ништо до сега. Зашто и на него му кажав, на прашањето од каде дојде овој материјал до мене, дека се странски служби, па веројатно нема да ги издадам оние кои се охрабриле и ми ги дале тие материјали. Намерно реков странски служби затоа што некој може да го изгуби животот, животот на своето семејство. Тие луѓе се нивни соработници. Тие не можеа да продолжат да живеат знаејќи што се случува во нивната земја.
Во нормална земја тие материјали се доставуваат во Јавното обвинителство, ама тие знаат дека ние немаме Јавно обвинителство, немаме судство.
Како опозиција знаеме дека тоа мораме да го направиме. Тоа ни го налагаат и законите на Република Македонија, да ги споделиме доказите со јавноста.,,
Либертас