Во неколку реони на Тетово во цевките на градскиот водовод тече загадена вода. Жителите се информирани да не ја користат за пиење и за друга употреба за исхрана. Центарот за јавно здравје внимателно ги следи состојбите, врши и потребни и почести испитувања, а презема и други мерки да не дојде до потешки последици за здравјето на населението.
Жители на неколку маала од Тетово се пожалиле дека низ чешмите тече нечиста вода, заматена, а и загадена. Земени се мостри кои покажале дека во неколку делови на градот водата е микробиолошки загадена. Според утрински весник, дошла и наредба на жителите од улиците „Ѓорче Петров“, „146“ и „Карпош“ привремено да не ја користат водата од градскиот водовод
Вакви состојби се јавуваат особено во оние делови на Тетово каде што нема континуирано водоснабдување. Жители од населбите каде што е констатирана загадена вода велат дека дневно имаат само по неколку часа и им се случува во тие периоди кога добиваат, водата да биде загадена.
водоводната мрежа низ градот, е поставена во 1926 година и во сегашни услови од неквалитетни материјали. Токму тоа е причината за мешање на водата со отпадот.
Утрински Весник