За Водици крстот ќе се фрла во Лепенец и Вардар


По повод христијанскиот празник Богојавление (Водици) традиционално и оваа година во општината Ѓорче Петров крстот ќе се фрла на две локации.

ohrid-vodici

Првата локација ќе биде на реката Лепенец во Волково, кај последната автобуска станица на 22-ка и ќе започне во 11 часот. Другата локација ќе биде од железниот мост во населбата Хром, на улицата “Циборовски”. Црковните одбори од храмот “Св. Петар и Павле” и храмот “Св. Пантелејмон” се договорија по четврти пат заеднички да го фрлаат крстот во водите на реката Вардар.

Церемонијата во населбата Хром ќе започне во 12 часот, а сите заинтересирани учесници за манифестацијата можат да се пријават во просториите на споменатите цркви. За најсреќниот учесник што ќе успее да го фати крстот обезбедени се подароци. Општината Ѓорче Петров ги повикува граѓаните да ги проследат и двата настана.

Вечер

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1