ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ПРЕДИЗВИКУВА И МОЗОЧЕН УДАР


Едно истражување објавено во Архивите на Интерната Медицина открива зголемен ризик од мозочен удар во споредба на „умерен“ со „добар“ квалитет на воздухот кај жителите во областа Бостон, особено кога загадувањето е поврзано со зголемениот сообраќај.

Уште едно известување  укажува на брзо и долгорочно опаѓање во размислувањето и вештините на помнење кај жени кои живеат во области каде има загаден воздух, во САД.

– Една од главните точки на Агенцијата за заштита на околината е нивото кое се смета за безбедно, всушност тоа има важно влијание врз здравјето, изјавил Грегориј Велениус, водечки автор на истражувањата на мозочните удари во Провиденси.

– Лицата кои би можеле да бидат чувствителни на влијанијата на загадениот воздух, би требало да останат подолго време во затворени простории додека загадувањето е на високо ниво, изјавил Велениус за Рутерс Хелт.

Тој и неговите колеги ги разгледале медицинските записи на околу 1700 пациенти кои во периодот помеѓу 1999 и 2000 година биле примени во медицинскиот центар во Бостон.

Користејќи ги податоците од локалната станица за мерење на загаденоста на воздухот, тимот открил дека ризикот за добивање на мозочен удар е поголем за дури 34 проценти за време од 24 часа при отчитувања за „умерена“ загаденост во споредба со денови на „добра“ загаденост. Овој ризик е најголем помеѓу 12 и 14 часот и е поврзан со јаглеродот диоксид, загадувач кој е поврзан со сообраќајот.

Велениус изјавил дека крвните садови се шират и собираат како одговор на надворешните фактори со цел крвниот притисок да се одржи константен. Загадувањето на воздухот би можело да влијае врз способноста на организмот да го регулира крвниот притисок, а тоа може да предизвика мозочен удар кај веќе загрозените луѓе.

Тоа влијание би можело да се објасни на тој начин што во текот на долг период на изложеност на загаден воздух се намалува способноста за размислување и мемориските вештини.

– Дотокот на крв во мозокот е многу важен за когнитивните функции, изјавил Велениус.

Тој додава дека можеби постојат и други фактори кои влијаат на дотокот на крв во мозокот и за кои се уште не сме свесни дека би можеле да влијаат врз когнитивните функции.

Истражувачи предводени од Џенифер Веув од Медицинскиот центар Руш од Чикаго во едно друго истражување анализирале серија на когнитивни тестови кај дваесет илјади жени на возраст од околу 70 години и исто така била одредена загаденоста на воздухот околу нивните домови од страна на надзорните органи на ЕПА.

Тие откриле дека зголемената загаденост на воздухот е поврзана со брзата стапка на опаѓање на когнитивните функции. За две различни величини на загадувачки честици, разликата во размислувањето и мемориските вештини кај жените со најголемо и најмало изложување, била слична на едногодишно или двегодишно опаѓање, известува тимот на Џенифер.

Тоа веројатно не е ментална разлика која е воочлива кај личноста, изјавила Џенифер за Рутер Хелт, но на широката популација чистиот воздух би можел да го намали бројот на заболени од деменција.

Истражувачите шпекулирале за тоа дали штетата или изложувањето на загаден воздух може да делува врз човечкиот мозок, изјавил доктор Џиу – Чиуан Чен, еколошки истражувач за медицинското училиште во Јужна Калифорнија кој до сега не бил вклучен во ниту едно истражување.

Тој рекол дека новото откритие за когнитивните способности, со оглед дека се прелиминарни не би требало да предизвикуваат загриженост кај жените – но би требало да ги охрабрат идните истражувања за влијанието врз размислувањето и меморијата.

Во посебно истражување откриено е дека изложувањето на загадување при пасивно пушење е поврзано со 39 проценти поголем ризик од деменција кај жените во Кина.

Ниту едно откритие не може да докаже дека само загадувачите се виновни за проблемите со помнењето или мозочните удари. Но претходните истражувања докажуваат на негативното влијание врз срцето и крвните садови.

Додека се уште постојат начини на кои луѓето би можеле да го ограничат своето изложување на загаден воздух, истражувачите и сугерирале на ЕПА дека треба да размисли да ги намали прифатливите горни граници на загадување.

– Мислам дека ова е проблем на јавното здравство особено ако се земе предвид ризикот од мозочен удар, изјавил Чен за Рутерс Хелт.

– Политичарите треба да разберат дека ова е вистинска закана за човечкото здравје, додава тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1