Загина градежен работник во Струмица


Во објект на улицата „Гоце Делчев“ во Струмица П.П. (64), од Струмица, кој бил ангажиран за реновирање на кровна конструкција, од непознати причини паднал од кровот во висина од 9 метри.soobrakajka - brza pomos

Со Итна медицинска помош бил пренесен во болница во Струмица каде од здобиените повреди во 15.45 часот починал.

Увид на местото на настанот извршиле ЈО, увидна екипа од СВР-Струмица и трудов инспектор. По наредба на ЈО над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1