Загина параглајдерист во Виница


Параглајдерист од Виница утринава околу 8 часот е донесен во безживотна состојба во болницата во Кочани. Според првичните сознанија параглајдеристот се обидел да изведе лет при што се случила несреќата. При падот од голема височина се здобил со тешки телесни повреди од кои и починал.

Несреќата се случила во близина на виничкото село Крушево. Настанот го забележале и очевидци кои го виделе падот.

Од кочанската полиција соопштуваат дека станува збор за Сашко Андов од Виница.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1