Синот на соборениот претседател на Украина Виктор Јанукович, кој има исто име како својот татко, загина во сообраќајна несреќа кај Бајкалското Езеро во Русија, изјавил еден украинскиот службеник, кој бил близок со Јанукович постариот
Според се уште непотврдените информации кој украинецот ги напишал на Фејсбук, Виктор Јанукович јуниор (33) загина во возило што паднало низ замрзнатата површина на езерото.
Официјалните спасувачки служби на Русија ги демантира неодамнешните гласини во украинските медиуми, дека синот на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович се удавил во Бајкалското Езеро.
“Меѓу загинатите и повредени дефинитивно нема ниту едно лице кое ги исполнува презимето Јанукович”, изјави портпаролот на спасувачкиот одред за ТАСС.
Тој потврди дека на 20 март во езерото паднал минибус шест лица. Петмина од патници биле спасени, но возачот на автомобилот загинал.
Портпаролот истакна дека “идентитетот на сите кои биле во комбето, е утврден”, но службата нема дозвола да ги објави нивните имиња.