„АЈДЕ“ ќе собира потписи против законот за хонорари


АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика започнува акција за собирање потписи од граѓаните, за оспорување на уставноста на пакетот закони со кои на хонорарците им се наметнува обврската за плаќање придонеси за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување.

DenariИницијативата е подготвена во консултативен процес со граѓанските и еснафските здруженија и со неа се бара Уставниот суд да донесе времена мерка за стопирање на примената на законите, одржување јавна расправа во Судот и конечно, поништување на спорните закони.

Истовремено, Платформата за граѓанска политика, како неформална, но организирана група слободоумни поединци кои се стремат да ја вратат моќта за носење политички одлуки во рацете на граѓаните, целосно ја поздравува и ја поддржува иницијативата за референдум во општина Центар, за задржување на постојниот и автентичен изглед на Градскиот Трговски Центар – Скопје (ГТЦ).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1